четврток, 26 април 2018 | Вести денес: 114 ново

Ставовите на Заев ги „скараа“ власта и опозицијата во Грција

Прашањето за името и преговорите се повод за внатрешно-политички превидрања во Грција и за нови препукувања меѓу власта и опозицијата. По последните изјави на премиерот Зоран Заев грчката опозиција побара одговори од владата за што точно се преговара и доби одговор дека за тоа била детално известена.

-По изјавите на Заев дека Скопје не разговара за промена на Уставот, ниту за име за севкупна употреба, односно ерга омнес, сите Грци се прашуваат: за што преговара владата на Ципрас, Каменос, Коѕијас? Очекуваме конечно одговор- вели Јоргос Кумуцакос, одговорен за надворешна политика во опозициската Неа демократиа.

Од прес службата на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас со соопштение одговорија дека пред две недели токму Коѕијас го информирал Кумуцакос за сите случувања околу името, пренесува МИА.

-Секако, ако Неа демократиа сака да биде опозиција само колку да се каже, користејќи ги како аргумент изјавите на премиер на друга земја, во конкретниот случај на ПЈРМ, а не на грчкиот премиер и грчкиот министер за надворешни работи тоа е нејзина работа. Но, така, уште еднаш ја покажува големината на неодговорноста во управувањето со националните прашања- се вели во соопштението од прес-центарот на Коѕијас, што го објави грчката државна агенција АНА-МПА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top