недела, 22 април 2018 | Вести денес: 0 ново

Монако ќе им враќа пари на навивачите кои допатуваа на дуелот со ПСЖ

Се уште актуелниот француски фудбалски шампион Монако, објави дека ќе им ги надомести сите финансиски трошоци на своите навивачи, кои допатувале на синоќашниот натпревар од 33. коло од Лига 1 против ПСЖ.

Монако синоќа во Париз загуби со убедливи 7-1, а срамниот пораз е причината клубот од Кнежеството да преземе таков чекор како чин на извинување до своите фанови.

Условите за враќање на средствата ќе бидат дополнително објавени. Со победата над Монако, ПСЖ и официјално ја обезбеди титулата во Франција за оваа сезона, бидејќи на пет кола до крајот има недостижна предност од 17 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top