четврток, 26 април 2018 | Вести денес: 111 ново

Прегазеното дете во Ѓорче во стабилна состојба, денеска нови протести

Детето кое вчера беше прегазено на улицата „Борис Сарафов“ во Ѓорче Петров е во стабилна состојба, која интензивно се следи од страна на докторите од Клиниката за неврохирургија.

Жителите од овој реон, но и голем број граѓани најавуваат повторно излегување на протести, бидејќи повеќе пати било воочувано дека токму оваа улица е небезбедна за движење на пешаците и нема правилна сигнализација.

– Секој ден тука ни се децата, овде одат на училиште. Зарем треба да ги затвориме дома? – прашуваа вчера револтираните граѓани.

Ѓорчевци најавија протестен собир и за денеска, пред училиштето „Мирче Ацев“ од 18 часот.

„Сакаме конечно решение за сите жители на Ѓорче Петров и решение за дивееето во сообраќајот“, се вели во повикот за протестот.

фото: Фактор.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top