четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 1 ново

Непреспиена ноќ може да го уништи вашето здравје

Сонот е важен за здравјето на целото тело.

Една од најважните работи која се случува во текот на ноќта е чистењето на организмот, а сонот е особено важен за чистење на токсините од човековиот мозок.

Научниците откриле дека дури и само една непреспиена ноќ, доведува до произведување на протеини кои се насобираат околу невроните (во вид на наслаги) и се поврзани со Алцхајмерова болест. Хроничната ненаспаност го става вашиот мозок во мошне критична категорија.

Една нова студија објавена во списанието на Националната Научна Академија, објаснува какви ефекти има спиењето на човековиот мозок. Резултатите покажале дека хроничната ненаспаност, доколку трае подолго време, може да биде многу опасна.

Иако научниците не можат да прецизираат што точно доведува до појава на Алацхајмер, откриле дека мозокот на луѓето кои се заболени од оваа болест има зголемени вредности на бета-амилоидните протеини, кои пречат во комуникацијата на мозочните клетки.

Овие наслаги се формираат кај лицата кои не спијат доволно и не се директно поврзани со наследните гени на оваа болест. Всушност, тие протеини се нуспродукт на менталните активности на мозочните клетки во текот на денот. Истражувањето покажало дека, дури и една лошо преспана ноќ предизвикува таложење на овој протеин, без оглед на полот и годините.

Недостатокот на сон влијае и на расположението, па овие лица се често нерасположени. Решението можеби се наоѓа во надополнувањето на сонот. Доколку не сте се наспале доволно претходната ноќ, би требало да го надополните сонот следниот ден, како би му дале повеќе време на вашиот мозок да се ослободи од овие наслаги. Оваа болест е вистинска мистерија, па постои потреба од дополнителни истражувања во оваа област.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top