сабота, 23 јуни 2018 | Вести денес: 36 ново

Мицкоски одговори на обвинувањата: Ако Миновски не се извини, следува тужба, ова е обид да се одвлече вниманието од коруптивните бизниси на власта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се огласи на социјалните мрежи по обвинувањата од генералниот директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски на денешната прес-конференција.

Мицкоски вели дека прес конференцијата на Миновски е наменета за одвлекување на вниманието од скандалите со коруптивните бизниси кои се склучуваат во 4 очи во оваа компанија.

-Миноски призна дека помалку произведуваат од истиот период минатата година и тоа за 10%, имаат прелив и притоа губат значителни количини електрична енергија и немаат развојна политика. Миноски со лаги, клевети и измислени тези упатени кон мене сака да ја покрие вистината за тоа како најпрво поништуваат тендери, и наместо вториот најповолен понудувач со веќе објавена цена се избира иситата таа фирма но овој пат со далеку повисока цена, и во договор во 4 очи, како се прави оглас за милионски тендери со услови кои може да ги исполни само една компанија, и како тие услови преку ноќ се менуваат само за да се покрие скандалот и ред други неправилности кои повлекуваат сомнежи за сериозен криминал, пишува Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top