четврток, 26 април 2018 | Вести денес: 113 ново

Трамп упати нова навреда кон Џејмс Коми

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска упати нова навреда кон поранешниот директор на Федералното истражно биро, Џејмс Коми, нарекувајќи го „одвратен“.

Ваквата навреда на сметка на Коми, Трамп ја изрече по интервјуто на поранешниот прв човек на ФБИ за Еј-Би-Си, објавено во пресрет на промоцијата на неговата книга „Висока лојалност“.

Коми во интервјуто изјави дека решил да иницира истрага за електронските писма на поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон, затоа што бил убеден дека таа ќе го победи Трамп на претседателсите избори во 2016 година.

– Неверојатно. Џејмс Коми тврди дека анкетите во која води нечесната Хилари, биле причина за (глупавата) истрага за и-мејлите на Клинтон. Со други зборови тој носел одлуки, затоа што мислел дека таа ќе победи и дека си ја сакал работата. Одвратен, напиша Трамп денеска на Твитер.

Претходно неделава, Трамп исто така на Твитер го обвини Коми дека е „докажен предавник и лажго“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top