четврток, 26 април 2018 | Вести денес: 114 ново

Заев на мотор БМВ од 30.000 евра, се возеше низ Македонија (Фото)

Со мотор вреден неколку десетици илјади евра, Зоран Заев денес пристигнал на именден кај градоначалникот на Крушево Томе Христоски. Инаку, денес се прославува „Томина Недела“, или т.н. Втор Велигден.

Зоран Заев на мотоцикл дојде од Струмица во Крушево, каде му беше гостин на градоначалникот Томе Христоски, по повод неговиот именден. Заев пристигнал со поголема група на моторџии и направиле обиколка низ градот, додека Христоски ги придружувал во автомобил за време на обиколката. – објави Фокус.

Заев го посетил и гробот на Тоше Проевски.

За луксузот, односно моторот од 30 илјади евра на премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил искоментира и Ивор Мицковски кој напиша дека по овој чалам со кој се „покажа“ Заев тој неможе да објаснува како со оданочување на тој што заработува илјада евра ќе се обезбедела социјална помош.

-Вас со ваквите мотори треба да ве оданочиме на 30-40 проценти, пишува Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top