четврток, 26 април 2018 | Вести денес: 114 ново

Хејли: САД нема да си заминат од Сирија додека не остварат три цели

САД нема да ги повлечат своите војници од Сирија се додека не остварат три цели, изјави денеска американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли.

Таа нагласи прва цел на САД во Сирија е да добијат гаранции дека хемиското оружје нема да се користи на начин што би ги загрозувал американските итереси, втора – целоно да биде поразена групата Исламска држава и трета – да се создаде добра позиција за следење на активностите на Иран.

– Наша цел е американските сили да се вратат дома, но нема да си заминеме се додека не бидеми сигурни дека сме ги оставриле овие три работи, изјави Хејли во интервју за телевизијата Фокс. с

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top