петок, 16 ноември 2018 | Вести денес: 75 ново

По Париз, денеска протести и во Берлин: Незадоволство од цените на станарините

Помеѓу 10.000 и 25.000 луѓе демонстрираа во Берлин против цените на недвижностите кои постојано постојано растат.

Новинската агенција ДПА јави дека станува збор за едни од најважните протести против зголемувањата на цените на станарините, што посебно го погодуваат Берлин.

На повикот кон демонстрациите се приклучија 250 организации, а демонстрантите прошетаа низ Шненеберг и Кројцбег во центарот на Берлин.

Тие бараат строго регулирање на пазарот за станови.

„Правото на стан е нешто што одамна не е пристапно за голем број луѓе“, рече Клаудија Рише, една од организаторите на протестите.

извор: Makfax

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top