среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 93 ново

Итно хоспитализиран познатиот актер: Во сообраќајна несреќа автомобилот му се превртел на покрив (видео)

Познатиот актер доживеал сообраќајна несреќа, после која итно бил хоспитализиран за што побргу да му се укаже лекарска помош.

Холивудскиот актер и комичар Вил Фарел во Оринџ Каунти во Калифорнија имал страшна сообраќајка во која автомобилот му се превртел на покрив. Во болница се уште две лица, јавуваат американските медиуми.

Според порталите во САД, џипот на Фарел удрил во друго возило и затоа се превртел на покрив. не е познато колку е повреден актерот и другите две лица, а според изјавите на очевидците актерот имал тешки телесни повреди. Медиумите наведуваат дека Фарел се враќал од настап во Сан Диего.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top