вторник, 24 април 2018 | Вести денес: 92 ново

Насилни протести во Франција: Десетици приведени

Француската полиција уапси 63 лица по вчерашните безредија во градовите Нант и Монтпелје, во кои беа повредени деветмина полицајци.

Протестите избија поради најавената реформа на пазарот на трудот, со која претседателот Емануел Макрон се обидува да ја подобри инвестициската клима во Франција. Синдикатите го обвинуваат Макрон за намалување на работничките права, и повикаа на штрајк во повеќе индустриски дејности.

Во Нант, протестите против реформите на Макрон се надоврзале на полицискиот обид да истера група диво вселени демонстранти од една зграда. Полицијата морала да употреби солзавец за да ги разбие демонстрантите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top