петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 94 ново

Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!

Српски дипломат во амбасадата во Сирија изјави дека нападот кој што вчера го изведоа САД, Велика Британија и Франција не ги исплашил бидејќи бил очекуван.

Милан Вијатовиќ изјави дека нападот бил очекуван и оти за тоа биле предупредени.

-Нападот беше очекуван. Се знаеја и времето и метите. Тие податоци беа поделени на дипломатскиот кор, а ние врз основа на искуствата од Југославија, знаевме дека ќе бидат гаѓани воени цели, пред се тие кои што се поврзуваат со хемиското оружје и воени аеродроми, изјави тој.

Вијатовиќ тврди дека Сирија не располага со хемиско оружје и дека по потпишувањето на договорот во 2013 година, земјата ги уништила сите фабрики за производство, а вооружувањето и супстанците се предадени.

-Официјалните лица тоа го потврдија неколку пати, исто како и колегите од другите земји, истакнува Вијатовиќ.

извор:макфакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top