петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 94 ново

Ричард Гир се жени по трет пат: Избраничка е новинарката Алехандра Силва

-Бев малку изгубена, без светло и запознавањето со него даде смисла на мојот живот. Чувствував како некој да ми пружа рака и ми го покажува вистинскиот пат, рекла свршеницата на глумецот.
Глумецот Ричард Гир (69) и новинарката Алехандра Силва (35) во врска се четири години,а се запознале во луксузниот италијански хотел кој таа го купила со својот бивш сопруг. Парот испланирал мала венчавка за следниот месец, 5. мај, во Вашингтон, пишува шпанскиот дневен весник „АБЦ“.

За свршувачката на Гир и Силва се дознало минатата година, во ноември кога новинарката е видена со нов дијамантски прстен. Алехандра е ќерка на бизнисменот и бивш потпретседател на шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид, Игнацио Силва.

Глумецот новинарката ја запознал додека се разведувала од сопругот, геологот Говиндо Фридленд (43), син на американскиот рударски магнат Роберт Фридленд. Силва со Говинд го има синот Алберто (6).

Весникот „АБЦ“ ја открил врската на Гир и новинарката во април 2015. година, но нивните пријатели тогаш рекле дека со месеци успешно се криеле од јавноста. Двојката често заедно оди на хуманитарни забави во Шпанија, кои се организират за помош на бездомниците и настојуваат да ги подобрат условите за лекување на тешко болните деца кои ги посетуваат.

Гир бил четири години во брак со супермоделот Синди Крафорд (52), а втора сопруга му била глумицата Кери Ловел (57) од која се развел во 2016. година и го имаат синот Хомер Џејмс Џејми (18).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top