четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 4 ново

Сириската војска ја ослободи Источна Гута

Сириската војска објави дека предградието на Дамаск, Источна Гута, е целосно ослободено, кога и последната група бунтовници го напуштила градот.

Портпаролот на сириската армија, Али Мајхуб наведе дека специјалните единици ги чистат улиците во Дума од мини и експлозивни направи, што биле поставени од страна на бунтовниците.

Сириската војска открила фабрики за оружје, тунели и складишта за оружје и храна. Властите во земјата соопштија дека војската ја подготвува Источна Гута за враќање на дестината илјади луѓе, раселени за време на двомесечната офанзива на владините сили во ова подрачје.

Дума е најголемиот град во Источна Гута и неговото ослободување претставува најголема победа за сириската војска, од почетокот на војната пред седум години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top