среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Побрзо се приготвува, помалку садови зафаќа: Мухамара – арапски ајвар

Славниот намаз мухамара доаѓа од арапската кујна, а станува збор за мешавина од ореви, црвени пиперки, сируп од зготвен сок од шипка и леб. Се користи како намаз во многу арапски земји, а најчесто во Сирија и југоисточна Турција.

За разлика од подготовката на ајвар, мухамара бара помалку време.

СОСТОЈКИ:

  • 1 голема печена црвена пиперка
  • 1/2 шолја млад кромид
  • 1 лажичка свежо цеден сок од лимон
  • 1 лажичка мелен кумин
  • 1 лажичка сол
  • 3 лажички сируп од шипка
  • 1 лажичка мелени црвени пиперчиња
  • 5 лажици масло
  • 3/4 шоплја ореви
  • 4-6 лажици презла

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

    1. Измешајте пиперка, кромид, сок од лимон, кумин, сол, 2 лажички сируп од шипка, половина лажичка мелени црвени пиперчиња, 4 лажици маслиново масло и 2 лажици ореви во блендер и блендирајте додека смесата не стане кремаста.
    2. Потоа додајте 4 лажици презла и повторно миксајте до саканата густина. Ако смесата не е доволно густа, додајте уште лебни трошки. Пробајте дали ви одговара по вкус, па додајте уште зачини ако е потребно.
    3. Смесата префрлете ја на чинија, додајте неколку капки маслиново масло, останатата лажичка сируп од шипки и половина лажичка мелени пиперчиња. Потоа, издробете го остатокот од оревите и посипете преку намазот.

Извор: Готви.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top