недела, 22 април 2018 | Вести денес: 1 ново

Лекиќ: Едвај се воздржавме да не заплачеме кога излеговме на терен

Ѕвездениот тим на ЖРК Вардар го одигра последниот дуел во Лигата на шампионите во Скопје и преку Митјиланд се пласира на завршниот Ф4-турнир. По средбата, Андреа Лекиќ беше емотивна и во солзи истакна дека ракометарките едвај успеале да не прснат во плач на терен пред фантастичната публика.

-Пресреќна сум затоа што одиме на Ф4, а од друга страна ќе ми недостасува Скопје. Се собравме по мечот и зборувавме, исто што правевме и во соблекувалната. Едвај ги задржавме емоциите и солзите да не заплачеме кога излеговме на терен. Одигравме една за друга, бевме моќни од првата па се до 60 минута. Ние сме како едно семејство. Се надевам дека ќе успееме на Ф4 да дојдеме до тој посакуван трофеј сега, вели Лекиќ.

Српската репрезентативка нема желба на турнирот и вели дека Ф4 оваа сезона е можеби најсилен.

-Ќе биде тешко. Ф4 е најквалитетен оваа година според мене. Нема да има слаби ривали. Желбата сигурно кај нас ќе биде голема со оглед на тоа што се разделуваме. Ќе биде навистина тешко и емотивно да се игра, но верувам дека можеме да успееме, заврши вардарката.

Вардар по крајот на сезоната ги губи сите ракометарки, а во првиот тим ќе бидат вклучени млади македонски ракометарки кои во иднина треба да се афирмираат како репрезентативки. За ѕвездениот Вардар, овој Ф4 ќе биде последна шанса конечно да го зграбат европското злато кое им бега пет години по ред.

Извор: Гол.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top