недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Емотивно: Вардар се пласира на фајналфор, публиката и ракометарките плачеа (ФОТО+ВИДЕО)

Женскиот тим на Вардар попладнево го одигра најемотивниот меч во овој состав. Денеска на домашен терен го победија Митијланд со резултат 32-25 и со тоа се пласираа на Фајнал турнирот на Лигата на шампионите каде ќе се борат за врвот на Европа.


Галерија ТУКА


Сепак, по завршување на натпреварот и публиката и ракометарките плачеа, зашто ова беше последен натпревар на овој ѕвезден состав на Вардар пред домашната публика.

Од наредната сезона тимот ќе биде составен главно од домашни ракометарки, а сегашните ѕвезди на Вардар веќе имаат потпишано договори со други тимови, со оглед на одлуката на раководството да ги ослободи и да го смени изгледот на тимот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top