недела, 22 април 2018 | Вести денес: 74 ново

Почина светски познатиот режисер Милош Форман

На возраст од 86 години почина светски познатиот режисер Милош Форман, објави Холивуд Репортер и РИА Новости, цитирајќи ги чешките медиуми.

Форман беше роден во Чехословачка во 1932 година. По инвазијата на советските трупи во Чехословачка во 1968 година, Форман не се врати од Франција, туку се пресели во САД.

Меѓу најпознатите филмови на Форман се оскаровските „Лет над кукавичкото гнездо“, „Амадеус ” и други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top