понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 70 ново

„Арчелор митал“ сака да ги повлече средствата од Македонија и уште пет земји

Од Компанијата велат дека предложиле да ги повлечат средствата во Белгија, Чешка, Италија, Луксембург, Македонија и Романија

Компанијата „Арчелор митал“ до Европската комисија поднела предлози за повлекување на средствата, со цел добивање конкурентна дозвола од ЕУ за купување на италијанската компанија „Илва“, која е најголемиот производител на челик во светот.

Од Компанијата велат дека предложиле да ги повлечат средствата во Белгија, Чешка, Италија, Луксембург, Македонија и Романија.

Комисијата побара повратни информации од конкурентите и клиентите за предложените концесии на „Арчелор“ пред да одлучи дали да го одобри договорот за компанијата „Илва“.

Се очекува таа до 23 мај да донесе одлука за договорот.

„Арчелор митал“ во јуни 2017 година склучи договор вреден 1,8 милијарди евра за да ја добие најголемата фабрика за челик во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top