понеделник, 23 јули 2018 | Вести денес: 82 ново

Премиерот незадоволен од министри, но и од директори

Јас од старт се водев согласно моето убедување да поставиме најдобри луѓе и дел од нив се снајдоа, вели премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ 24 во однос на реконструкцијата на Владата.

Во многу мал дел не е задоволен од министрите и тие ќе бидат променети. Не е задоволен и од дел од директори и раководители.

Вели дека контактира со народот и знае од кого се задоволни.

„Еве сега слушам стотина луѓе не прифаќаат работа, фала пријатно, извинете ќе дојдат други. Јас сум човек кој сака да слушне критика, од критики учиме“- вели Заев.

Премиерот рече дека ги знае слабите алки, но одби да споменува имиња. Рече дека еден човек ако не го бива за една позиција, можеби на друга функција ќе биде корисен.

Кажа дека мора прво да ја види понудата која ќе ја добие со зголемувањето на парламентарното мнозинство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top