сабота, 21 јули 2018 | Вести денес: 69 ново

Студентка уапсена за „одмазничко порно“ од бившиот

Студентка од британскиот Универзитет на Линколн е уапсена за т.н. „одмазничко порно“, при што искористила слика од нејзиното поранешно момче, односно неговото голо торзо, во свој студентски проект.

Имено, Лорен Смит прво добила пофалби за својот уметнички колаж, но набргу заработила и пријава за нарушување на приватноста на поранешното момче. Но, бидејќи од фотографијата биле исечени неговата глава, нозе и гениталии, Судот во Мејдстоун донел ослободителна пресуда.

Девојката своето уметничко дело, составено од повеќе слики, го фотографирала и го објавила и на Фејсбук, но никаде не посочува чие е торзото на спорната слика.

Највисоката казна за „одмазничко порно“ во Англија и Велс е две години затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top