недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 54 ново

Исповед на човек алергичен на својот оргазам: “Еве како изгледа мојот живот и колку тоа ме уништува”

Никој не знае што точно ја предизвикува оваа состојба, но нејзините последици можат да го уништат животот.

Дин имал 13 години кога прво мастурбирал. Веднаш по првиот оргазам, се почувствувал чудно, имал сериозен пад на енергијата, и почувствува дека неговиот мозок е побавен. Дин сега има 24 години и утврдено е дека страда од ПОИС.

Во некои ретки случаи, човек има алергиска реакција на сопствената сперма, оваа состојба е попознат како синдром на пост-оргазамски болести (post orgasmic illness syndrome – POIS).

POIS се манифестира со симптоми слични на грип, кои се јавуваат веднаш по ејакулацијата. Овие симптоми вклучуваат затнат нос, чешање во очите, болка во мускулите и грлото, главоболка, исцрпеност, грозница и тешкотии при зборување.

– За само пет секунди, се чувствувам како да паѓам во дупка од врвот на светот. Ако може да замислите како паѓа зграда, тогаш може да се разбере како мојот мозок се чувствува по оргазам – Дин на тој начин ја опишува неговата состојба.

– Се прашував дали сите по оргазмот се чувствуваат така и дали во голема мера вешто се кријат колку по оргазам телото е слабо. – вели Дин.

Првично, Дин сметал дека неговата состојба е нормална, за подоцна да открие дека одговорот на неговото тело кон оргазмот не е честа состојба по сексот. Како што растел, неговата состојба се влошувала и потраела неколку дена по оргазмот. Тој немал никој да разговара за оваа тема, па затоа го пребарувал интернетот за своите симптоми и открил форум на кој мажите страдаат од ПОИС.
Според холандскиот невролог Марсел В. Валдингер, во 2002 година идентификувани се симптоми на оваа состојба во која телото реагира на сопствените телесни течности и од неа главно страдаат мажите, но може да се случи и жените да ги чувствуваат симптомите.

Како што оваа состојба е позната само од 2002 година, во литературата има само околу 50 случаи на мажи кои страдаат од ПОИС. Научникот и лекарот Хоанг Нгуен Мин Чет вели дека други познати индикатори на ПОИС вклучуваат раздразливост, недостаток на фокус, неуредност и депресија.

Симптомите на POIS може да траат од два дена до една недела и потоа спонтано исчезнуваат.

Истражувачите сè уште не знаат што го предизвикува POIS, но постојат неколку можни објаснувања.

Една хипотеза сугерира на хемиски дисбаланс во мозокот, додека другите укажуваат на алергија на сперма или автоимуна болест.

– Во моментов не постои познат третман на POIS, делумно поради реткоста на болеста. Тоа е причината зошто оние кои го имаат, остануваат сами да се справат со ефектите. – вели Нгуен.
Исповед на човек алергичен на својот оргазам: “Еве како изгледа мојот живот и колку тоа ме уништува”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top