четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 4 ново

Сепак Звезда ги уби на теренот

По поразот во првиот меч, Црвена звезда не дозволи уште еднаш да падне на свој терен, овој пат го победи Будуќност и израмни во финалната серија.
Црвена звезда водеше во поголемиот дел од првото полувреме, но Будуќност имаше добар финиш и на одморот се замина со нерешени 31:31. Во третиот период Црногорскиот тим дојде до водство и од осум поени разлика, но домаќините успеаја да намалат и со минус еден да влезат во решавачкиот период.
Беше неизвесно и во последната четвртина, во финишот од мечот Црвена звезда подобро се снајде и на крајот победи со десет поени разлика кои не се реална слика за случувањата на теренот.
Денеска не настапи Перо Антиќ. Најефикасен во составот на Звезда беше Омиќ со 15 поени, Рочести постигна 11. Кај Будуќност најдобар беше Гордиќ кој реализираше 22 поени.
Сега серијата се сели во Подгорица, доколку Будуќност остане непоразен на свој терен ќе биде нов шампион во АБА лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top