петок, 16 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Газдата на Панатинаикос: Евролигата е мафија! (ФОТО)

Доколку се суди по објавите на сопственикот на Панатинаикос на социјалните мрежи, клубот од Атина ја напушта Евролигата и следната сезона ќе игра во ФИБА Лигата на шампиони

Контраверзниот сопственик на „зелените“ од Атина, Димитрис Јанакопулос минатите месеци беше во жестока караница со раководството на Евролигата, а неколку пати беше казнуван и суспендиран.

По се изгледа, неговиот Панатинаикос нема да игра во Евролигата наредната сезона, а првиот човек на грчкиот гигант не прекинува да ги напаѓа членовите на ова натпреварување.

„Евролигата е мафија. Претстанете да местите натпревари. Само тие кои имаат пари може да победат на натпреварот“, напиша Јанакопулос.

Оваа порака ја постави во вид на фотографија на социјалната мрежа Инстаграм, а на неа се судијата ЛаМоника и првиот човек на натпреварувањето Бартомеу.

D€VOTION TO 💷💶💴💵

A post shared by dimitris giannakopoulos (@dpg7000) on


Димитрис Јанакопулос подолго време е во војна со раководството на УЛЕБ, сопственикот на грчкиот гигант во февруари доби суспензија од 12 месеци и забрана да се појавува на натпревари од Евролигата или Еврокупот.

Тој уште тогаш се закани дека Панатинаикос ќе го напушти најпрестижното кошаркарско натпреварување на стариот континент и дури распиша референдум помеѓу фановите и ги запраша дали да продолжат да играат во Евролигата.

Судејќи според неговите последни објави на Инстаграм, „Зелните“ до година ќе настапуваат во ФИБА Лигата на шампионите.

„Панатинаикос се враќа онаму каде што кошарката и треба да биде…. Крај!” – напиша Јанакопулос и објави фотографија со логото на ФИБА.

Ваквиот потег следува по жестоката расправија која тој ја имал на денешниот собир на клубовите со челниците на Евролигата во Мадрид.

Тој барал да му биде укината суспензијата, која со жалба претходно му беше намалена на 5 месеци, а сакал и да се промени сегашното раководство. Ваквите барања не добиле зелено светло, ниту од клубовите ниту од менаџментот, па Јанокопулс бесен го напуштил состанокот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top