недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 52 ново

„Ќе ве убиеме, ќе ве заколеме“ – непријатен пречек за Звезда во Подгорица

Медиумите од Србија пишуваат за голем инцидент во пресрет на пресметката помеѓу Будуќност и Црвена звезда во „Морача”, навивачи сакале да се пресметаат со гостинските кошаркари

Перо Антиќ и Црвена звезда гостуваат во Подгорица за дуелот со Будуќност во финалето од АБА лигата, а според медиумите од Србија, вчера се случил голем инцидент.

Група домашни навивачи сакала да се пресмета со гостинските кошаркари, но брзата реакција на полицијата и обезбедувањето на Црвена звезда спречила физичка пресметка.

Имало само вербални напади и закани како „ќе ве претепаме“, „ќе ве заколеме“ и „ќе ве убиеме“.

Според пишувањата на „Блиц“, овие зборови биле упатени кон Бранко Лазиќ и Алем Омиќ, додека пак „Б92“ пренесува дека и нашиот Перо Антиќ бил во групата кошаркари на Црвена звезда кои биле вербално нападнати.

Натпреварот помеѓу Бодуќност и Црвена звезда во „Морача“ се игра вечерва во 20 часот, а моменталниот резултат е 1-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top