четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 4 ново

Вучиќ со ноќи не спие и со денови не јаде

За време на ручекот со Меркел ѝ велам на Ангела дека не можам ништо да јадам… Со ноќи не спијам… Наместо да се радувам ид а сум среќен поради сево ова… поради камен-темелникот на германската фабрика во Крагоевац, па и на онаа во Панчево… наместо чашка дуња нешто повеќе да испијам, јас сум цело време во грч… И не можам да се израдува поради сите овие политички прашања… И никој нема политичка храброст туку чекаат и велат „реши Вучиќу“, па после да ми скокаат по глава… Се што е добро не е вест или што би рекол покоен Гага Николиќ не е вест кога куче ќе касне чивек туку кога човек ќе касне куче…, си ја отворил душата претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Берлин по средбата со Ангела Меркел, неочекувано откривајќи што го мачи.

– Некои други да се на мое место многу убаво би зборувале за себе, но јас не сум и нема за тоа, додал нагласувајќи дека е многу задоволен од денешните разговори во Берлин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top