вторник, 24 април 2018 | Вести денес: 79 ново

Пет дезени со кои секогаш излгедате скапо

Кога немате многу пари за шопинг, а сакате да изгледате фантастично, обично се решавате за класика и едноставност. Тоа најчесто почнува и завршува со црната боја. Со класиката никогаш нема да згрешите, но тоа не е единствена опција.

Постојат неколку модни дезени кои асоцирраат на висока мода, изгледаат скапи и се пригодни за секоја прилика.

Линии, точки, ѕвезди, коцки или цветови – во зависност од настанот, стилот и расположението. Одберете само што најдобро ви прилега.

Комбинирајте ги дезените со необични кројки, играјте со должините и ширината, бидејќи сезонава во модата, нема правила!

Линии

Откако модата стана составен дел од животот, отогаш постојат и класичните линии. Некогаш се носеле само на црни пантолони, а денес се комбинираат со шарени здолништа, аксесори, фустани.

Цветни

Постојат дезени кои кои се префинети и софистицирани. Одбирајте дискретни, лелеави и романтични дезени. Одлучете се за нежни, пастелни бои.

Ѕвезди

За оние кои сакаат да бидат ексцентрични и кои умеат да носат најнови трендови на свој начин, овој дезен е одличен избор. Се комбинира со металик бои и откачени чевли.

Точки

Точките се омилен дезен уште од детството. Облеката на точки комбинирајте ја со потпетици за посериозен изглед.

Каро

Со каро секогаш може да изгледаште шик.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top