четврток, 26 април 2018 | Вести денес: 114 ново

Останува бесплатниот автобуски превоз до Водно и паркинг

Од Град Скопје велат дека останува на сила бесплатниот автобуски превоз и паркинг за сите коишто сакаат да го посетат Водно, а со новата услуга која ќе се воведе во наредниот период, ќе се овозможи бесплатен паркинг за возилата на лицата со посебни потреби.

Самиот паркинг деновиве ќе биде уреден, а ќе се постават и заштитни банкини и столпчиња за да се оневозможи паркирање на самиот пат.

– Ја информираме јавноста дека изминатиов период Градот Скопје имплементира поголем број на решенија чија главна цел е стимулирање на граѓаните кои го посетуваат Водно тоа да го прават користејќи го бесплатниот јавен превоз и други алтернативни методи, а да го дестимулира користењето на личните автомобили – велат од Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top