понеделник, 23 јули 2018 | Вести денес: 82 ново

Фестивал на германски филмови за деца и млади во Кинотека

„Гете-институт“ Скопје во соработка со Кинотека на Македонија по седми пат го организира Фестивалот за слика и филм за деца и млади (БУФ). Организаторите соопштија дека фестивалот ќе се одржи од 23 до 28 април 2018 во Кинотека на Македонија и на него ќе се прикажува висококвалитетен избор на германски филмови за деца и млади.

На програмата се наоѓаат пет играни филмови, што ќе бидат прикажани во оригинал со превод на македонски и албански јазик. Тие се наменети за сите деца кои можат да го читаат преводот или разбираат германски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top