понеделник, 23 јули 2018 | Вести денес: 82 ново

Звучна фузија од електроника и класични инструменти на синоќешниот концерт на Емин Џијан и ЗЏМ

Македонската филхармонија и Здружението на џез-уметници на Македонија синоќа одржаа електро-акустичен концерт на Џијан Емин.

Во преполната сала на Македонската филхармонија звучната фузија од електроника и класични инструменти беше одлично примена од публиката.

-За Џијан Емин овој процес на создавање музика не е новитет и тој постојано ги пренесува неговите идеи и погледи на разновидни звучни појави проекти), а соединувањето на класичната со електронската музика го одведе надвор од границите на неговата земја. На нашето културно небо тој поставува нови стандарди на поимање на музиката и гради сопствена приказна која е слушната „видена“, прифатена и пренесувана, ќе рече музикологот Тина Иванова.

Со својата музика Емин синоќа отвори нови видици на поимање на музиката, предизвика најубави емоции, отвори поле за полемики, дилеми…проговори со јазикот на музиката која е јазик над јазиците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top