четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 1 ново

Венгер со желба за полуфиналето во Лига Европа: Само да не биде Атлетико

Арсенал синоќа во Москва одигра тежок реванш натпревар од четвртфиналната фаза во Лига Европа и беше на прагот да ја загуби предноста од 4-1 од првиот натпревар. ЦСКА Москва имаше водство од 2-0, но наместо Русите да дадат трет погодок и да одат понатаму, англискиот тим погоди двапати за 2-2.

По натпреварот тренерот на Арсенал, Арсен Венгер, изрази само една желба пред ждрепката во Нион.

– Само да го ибегнеме Атлетико Мадрид, изјави Венгер.

Покрај Арсенал и Атлетико се пласираа и Олимпик Марсеј и Салцбург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top