четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 4 ново

Соло-рециталот на Благој Нацоски вечерва во МОБ

Вечер (13.04), со почеток во 20:00 часот, на големата сцена на Македонската опера и балет ќе можете да го проследите соло-рециталот на нашиот тенор Благој Нацоски, придружуван од пијанистката Јанинка Невчева. На рециталот со наслов „Sole e Amore“ или „Сонце и љубов“ ќе се изведат композиции од повеќе познати автори како: Винченцо Белини, Реиналдо Хан, Џоакино Росини, Џакомо Пучини, Франческо Паоло Тости и Бенџамин Бритн.

Во сите соло песни ќе преовладуваат токму љубовта и сонцето, односно со претежно весел карактер, кој буди оптимизам кај слушателот. Циклусот “Венеција” од Рејналдо Хан, ќе биде изведен  за првпат во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top