сабота, 21 април 2018 | Вести денес: 1 ново

Владо Јаневски ќе одбележи 25 години кариера со концерт на стадионот на АРМ

Најголемиот концерт на Владо Јаневски во неговата кариера ќе се одржи на 1 јуни, на стадионот на АРМ.

Концертот е по повод 25 години од соло кариерата на Владо Јаневски која започна со песната „Црно Тиквешко“, а после која следеа навистина безброј хитови што придонесоа Владо да биде во моментов најголемата машка музичка ѕвезда во Македонија.

Се очекува на концертот да присуствуваат околу 10.000 фанови на Владо Јаневски од цела Македонија, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн на веб страницата на ККЗС

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top