четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 80 ново

Македонија падна две позиции на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација се најде на 77.место на ФИФА ранг-листата објавена денеска.

„Црвено-жолтите“ го влошија својот пласман по двата нерешени исхода на мартовските контролни средби со Финска и со Азербејџан одиграни во Турција.

Од противниците на Македонија во групата од Лигата на нации најдобро котира Ерменија (98. место), Лихтенштајн е 181-ви, а Гибралтар се наоѓа на 196-тото место.

Лидер е Германија пред Бразил и Белгија. По нив во ТОП 10 следуваат: Португалија, Аргентина, Швајцарија, Франција, Шпанија, Чиле и Полска.

Следното рангирање Светската фудбалска федерација ќе го изврши на 17 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top