вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Буфон: За да донесете ваква одлука, мора да имате канта за отпадоци наместо срце

– Очигледно е дека за да донесете ваква одлука морате да имате канта за отпадоци наместо срце. Ако немате карактер да излезете на овој стадион и на ваков меч, тогаш треба да останете на трибините со жената и децата, да пиете пијалак и да јадете чипс, изјави разочараниот Буфон за одлуката на главниот судија, Англичанецот Majкл Оливер да му додели пенал на Реал М. во судиското продолжение.

После досудениот пенал Буфон збесна, па Оливер му додели црвен картон, веројатно поради упатени навреди.

– Реал Мадрид заслужи да помине, им посакувам се најдобро и за мене е чест да играм против нив. Но, објективно заслуживме да одиме на продолженија. Не можете така да ги уништите сништата на еден тим. Му кажав се и сешто на судијата во тој момент, но тој мора да разбере каква катастрофа режираше, изјави Буфон.

Роналдо погоди од белата точка во последната минута од судиското продолжение за со конечните 1-3 да му обезбедни полу-финале на кралскиот тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top