сабота, 21 април 2018 | Вести денес: 18 ново

Кјелини бесен: Колку пари го плативте судијата? (ВИДЕО)

Екипата на Реал Мадрид се избори за ново полуфинале во Лигата на шампионите, иако вечерва со 1-3 го загуби мечот со италијанскиот шампион Јувентус.

Во моментите кога сите очекуваа придолженија на „Бернабеу“, Бенатија стартуваше врз Васкез, а судијата Оливер без многу размислување покажа најстрога казна. Комплетниот тим на „старата дама“ бурно реагираше на оваа одлука на младиот англиски арбитар, Буфон дури заработи и исклучување, додека потегот кој го направи Џорџо Кјелини сигурно ќе биде забележан од страна дисциплинска комисија на УЕФА и италијанскиот дефанзивец се соочова со сериозна казна.

Во моментите кога Оливер го досуди пеналот за Реал, Кјелини влезе во расправија со Варан, која заврши со гестикулација на Италијанецот со која сакаше да каже дека Реал Мадрид го платил судијата за да суди во нивна корист.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top