недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 52 ново

Ловрен: Би сакал да играме против Рома или Баерн

Фудбалерите на Ливерпул синоќа го елиминираа Манчестер Сити и заедно со Рома се првите патници во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Ливерпул со две победи од 3-0 и 1-2 ја елиминираше екипата на Пеп Гвардиола и сосема заслужено избраниците на Јирген Клоп се пласираа меѓу четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите. Ако се прашува Дејан Ловрен, за противникот на Ливерпул во полуфиналето, тој би сакал да ги избегнат Реал Мадрид.

– Реал Мадрид е посебна приказна, многу се искусни, додека пак Рома со елиминирањето на Барселона доби голема самодоверба. Кога би можел да бирам, би ги избрал Баерн Минхен или Рома, изјави Дејан Ловрен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top