недела, 22 април 2018 | Вести денес: 29 ново

Семејство во Скопје преживува голгота: Со шест деца живеат во автомобил, немаат ниту храна

Ова е автомобил, марка Застава. Наместо превозно средство, за осумчленото семејство претставува подвижен дом. Нивна адреса се слободните паркинг места.

Сторијата за семејството Бајрами ја пренесува ТВ 21.

Мајката Гулџан го храни 3 неделното дете, додека таткото со едно од децата тргнува да најде јадење за останатите членови на семејството.

Мајката на децата раскажува за секојдневните проблеми со кои се соочуваат. Таа вели дека нејзините деца веќе 3 недели не се бањати.

Најголемиот предизвик за ова семејство е зимската сезона. Гулџан раскажува како се справувале со студеното време.

Ова осуммчлено семејство на улица е веќе 5 години. Неколку пати се сместувале во различни напуштени куќи, но секогаш некој ги бркал од таму.

За семејството Бајрами најсигурното место остана автобомилот.

„Нема каде да одам со шест деца, не знам каде да одам, ако има некој кој може да ми помогне за овие деца. Немаме пари, јадеме што ќе најдеме по контејнери. Во кола спиеме заедно со шесте деца. Никој не ни помага. Тие ми велат да одам во Чичино село, јас не сакам да одам таму бидејќи има луѓе кои се расправаат и настануваат проблеми“, вели Менсур Бајрами.

Најмалото дете на семејството има само 3 недели, додека најстарото 13 години. Децата не се запишани ниту во училиште. Нивниот татко вели дека нема услови да ги школува. Екипата на ТВ21 побара одговор и од Министерството за Труд и Социјална политика. Од таму добивме одговор само дека случајот се истражува, пренесува ТВ 21.

Прилогот на ТВ 21 погледнете го во продолжение

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top