среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 53 ново

Убавата спортистка призна: Ме силуваа, не можев ништо да направам

УФЦ убавицата Пејџ Ван Зант неодамна напиша книга која нејзините фанови со нетрпение чекаат да биде пуштена во продажба, посебно поради нејзините шокантни детали од животот.

Ван Зант призна дека во времето кога била средношколка била силувана.

„Ме нападнаа. Се обидов да се одбранам, но не бев во можност. Бев свесна, но моето тело беше мртво. Знаев што се случува, а не можев ништо да направам“, откри Пејџ.

Набрзо потоа започнало и психичкото злоставување.

„Често пати пред домот пронаоѓав фрлени презервативи. Тоа злоставување ми беше најлошо во животот и поради тоа се одлучив да ја напишам оваа книга, можеби на некого ќе му помогнам“, зборуваше Пејџ.

Промоцијата на нејзината книга под наслов „Rise Surviving Flight of My Life“ се очекува наскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top