недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 54 ново

Министерство за здравство иницира намалување на трошоците за лекување во странство

Ќе се намалуваат трошоците за користење здравствени услуги на осигурените лица од областа трансплантација за лекување во странство.

На предлог на Министерството за здравство, Владата на денешната седница утврди текст на предлог-одлуки за почнување постапка за доделување лиценци за вршење здравствена дејност земање и пресадување клетки од човечко тело заради лекување-хематопоетски матични клетки, за лекување срце, панкреас, очни ткива, црн дроб, бубрези и бели дробови, соопшти владината прес-служба.

Во целите на иницијативата на Министерство за здравство се обезбедување соодветен вид и обем на здравствени услуги во зависност од потребите на населението, географска достапност на здравствените услуги, подобри здравствени капацитети и континуирана и квалитетна здравствена заштита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top