четврток, 26 април 2018 | Вести денес: 100 ново

Kога е вистинскиот момент да кажете „Те сакам“?

Едно истражување спроведено на 2.000 мажи и жени во Велика Британија открило кои се клучните ситуации низ кои минуваат партнерите во врската, но научниците особено ги интересирало кога е вистинското време за да се каже „те сакам“, според испитаниците.

Поголемиот дел од испитаниците признале дека чекале околу 5 месеца за да ги изговорат овие два едноставни збора. Толку време им требало отприлика за да се уверат во вредноста на својата врска и за да го запознаат со семејството и пријателите.

Истото истражување покажало дека луѓето се многу поспремни да стапат во интимна врска отколку отворено да ги покажат емоциите. Испитаниците потврдиле дека во повеќето случаи прво дошло до сексуален однос, па потоа до држење за раце што е изненадувачки податок.

Резултатите од истражувањето покажале и дека повеќето парови прават свршувачка по две, свадба по три, а за деца се одлучуваат по четири години заедничка љубов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top