четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 50 ново

Смртоносни дињи досега одзедоа седум животи

Дињи заразени со листерија извесени се од Австралија во најмалку девет земји, соопшти СЗО.

Во Австралија неодамна починаа седум лица, а забележен е и еден абортус – заедничко за сите случаи е што јаделе диња од видот канталупа.

Дињите се извесени во Хонг Конг, Јапонија, Малезија, Оман, Катар, Сингапур, ОАР и Бахреин, а можно е да стигнале и до Сејшелите, пренесува Ројтерс.

Во средината јна јануари во Австралија се потврдени околу 19 случаи на заболени од листерија, бактерија која има долг период на инкубација – од една недела до 90 дена.

Во почетокот на март австралиските власти откриле дека дињите се извезувани.

„Се верува дека причина за ширењето е комбинација на услови во животната средина и времето на загадување на површината на плодт и по процесот на миење“, стои во соопштението на СЗО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top