четврток, 26 април 2018 | Вести денес: 103 ново

Што да правите вишокот јајца од Велигден?

Состојки:
500 г. мелено месо
4 – 6 помали јајца, или околу 20 јајца од препелица
сол, црн пипер
1 главичка кромид, ситно сечкан, или рендан
2 лажици кечап (по вкус и лут сос)
2 лажици лебни трошки
1 јајце, одвоено на жолчка и белка
масло за пржење
дополнителни лебни трошки

Подготовка:
Месото измешајте го со сечкани зачини, кромид, кечап, сосови и 2 лажици лебни трошки. Убаво измесете и проверете на вкус, по потреба додајте сол и црн пипер. Додајте жолчка и се’ уште еднаш измесете.

Смесата поделете ја на толку делови колку што јајца „ќе облечете“.,На дланка дел од месото истенчете на дебелина од 1/2 см.и во средина ставете го лупеното врено јајце и внимателно од сите страни обвиткајте го со смесата од месо.
Секое формирано јајце потопете го во матената белка, па во лебни трошки и пржете на загреано масло, додека не добијат златно-црвена боја. Вадете ги на чинија покриена со кујнска хартија и оставете да се исцедат. Послужете со сезонска салата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top