недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 45 ново

Пет видови интимност што постојат помеѓу партнерите во најсилните љубовни врски

Consoling a friend

Кога ќе се спомене зборот „интимност“ луѓето веднаш помислуваат на сексуални односи. Сепак, станува збор за нешто многу повеќе. Интимноста е поврзана со блискоста, заедничките моменти и градењето силна врска која е суштински дел од секој однос. Обично, кога партнерите се оддалечуваат еден од друг, главната причина е недостатокот на интимност. Тоа е така, затоа што интимноста бара покажување ранливост, а на некои луѓе тоа им оди многу тешко. Постојат неколку типа интимност и секој од нив игра значајна улога во врската. Ова се 5-те главни видови интимност што постојат помеѓу партнерите во најсилните љубовни врски…

1. Емоционална интимност
Ова е најважниот вид интимност што треба да е застапен во секоја љубовна врска. Емоционалната интимност подразбира поврзување на умот и чувствата и споделување искуства со партнерот. Можеби ќе се изненадите, но повеќето парови немаат ваква интимност во врската. Емоционалната интимност почнува да се гради во онаа фаза од врската кога ќе го прифатите партнерот таков каков што е, без да го осудувате поради неговите недостатоци. На ова ниво, секогаш кога ќе почувствувате некаква опасност, првата личност која ви паѓа на памет е вашиот партнер.

2. Физичка интимност
Овој тип интимност не подразбира комуникација и е најчестата застапена форма на интимност. Во љубовните врски, физичката интимност почнува да се гради тогаш кога ќе ги разберете чувствата и мислењата на вашиот партнерот. Ова ниво на интимност ги вклучува сексуалните односи со партнерот, но и несексуалните физички контакти, како што се држење за раце, милување и гушкање.

3. Интелектуална интимност
Овој тип интимност подразбира споделување мислења поврзани со работите што најмногу ви значат и е многу важен дел од животот на еден љубовен пар. Кога ќе го достигнете ова ниво на интимност, вие ќе можете да дискутирате со вашиот партнер за вашите убедувања и ставови. Тоа значи дека заеднички ќе ги решавате проблемите што ве мачат, но и дека ќе споделувате интересни информации, како што се вашите омилени песни, филмови и книги.

4. Духовна интимност
Ова е можеби најважниот вид интимност. Духовната интимност се појавува благодарение на вашето време поминато заедно и негувањето заеднички животни и духовни вредности. Доколку сакате да се поврзете со партнерот на духовно ниво, почнете да медитирате заедно, бидете благодарни за животот што го делите и ветете си дека заедно ќе ги совладувате сите предизвици што ќе ви се најдат на патот.

5. Рекреативна интимност

Многу парови се обидуваат да стигнат до таа фаза кога ќе можат заедно да уживаат во истите рекреативни активности. Може да станува збор за некаков спорт, одење во кино, прошетка во паркот, планинарење и слично. Кога посветувате време на рекреативни активности и споделувате заеднички интереси, тоа значи дека го цените времето поминато заедно повеќе од кога било порано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top