вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Украинска легенда преживеал хорор: Мајката на бившата сопруга се обидела да го убие!? (видео)

Легендарниот украински голман Олександр Шовковски, бившиот член на Динамо Киев и соиграч од златните времиња на Андриј Шевченко во украинскиот гигант преживеал хорор од мајката на неговата бивша сопруга, која се обидела да го убие.

Шовковски на социјалните мрежи ја објавил снимката на која жена со пиштол трипати пука кон него. Тој бил пред куќата на својата бивша сопруга за да ја земе својата ќерка, но од балконот на куќата се појавила мајката Олга Аланова, која прво почнала да фрла со камења, а потоа извадила пиштол и го репетирала.

Шавковски кога стигнал пред капијата се слушнал првиот истрел, а потоа следеле упте два. Но, необично, Украинецот реагиал многу мирно.

„Прво од балконот ме гаѓаше со камења, кои ги собрала, а потоа почна да пука кон мене. Испука три куршуми. Луѓето од соседните куќи веднаш истрчаа, кога слушнаа истрели и ме прашаа дали ми треба помош“, рекол Шовковски.

Тој додал дека мајката на неговата бивша сопруга има проблем со алкохолот и дека неколкупати досега ја навредувала и ја тепала неговата ќерка.

Шовковски за Динамо Киев одигра 400 меча, настапи на 92 меча за Украина, а кариерата ја заврши во 41 година од животот пред две години.

Извор: Спорт1

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top