недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 53 ново

Никогаш немојте да ги правите овие работи поради маж без разлика колку го сакате!

Велат дека љубовта е слепа, а во разните фази на вљубеност, честопати ги гледаме работите низ розови очила. Сепак, и во најопиените фази од врската треба да го задржите своето „јас“ и да не дозволувате вашиот партнер да го менува вашиот живот. Ова се работите што не смеете да ги правите поради маж, колку и да го сакате…

Немојте да држите диети

Не треба да слабеете за него. Одлуките поврзани со исхраната и вежбањето треба да бидат само ваши. Не е ваша работа да го импресионирате со потенок струк.

Немојте да ги менувате пријателите
Ако не сака да комуницирате со бившите, тоа е релативно разумно барање, но ако сакате да го избришете бројот на вашиот сосед кого го познавате цел живот, треба да знаете дека претерува. Не треба да ги менувате вашите пријатели, само затоа што тој така сака, бидејќи тоа е најчесто еден вид манипулација.

Не ја оставајте работата
Не треба да бирате меѓу кариерата и љубовниот живот. Ако нему му пречат вашите работни обврски, преиспитајте ја вашата врска. Тој мора да ви дава поддршка.

Не го менувајте стилот
Ако нему му се допаѓаат жени во фустани, можете одвреме-навреме да го изненадите со такво парче облека. Но, ако имате поинаков стил, не треба да го менувате и потполно да го прилагодувате на неговите идеи.

Не ја менувајте фризурата
Ако нему му се допаѓаат русокоси, а вие сте бринета, ни случајно не ја менувајте бојата на косата. Не пуштајте и не ја кратете косата, само затоа што тој така сака. Вашиот партнер треба да ве сака токму такви какви што сте, а вашата врска треба да се гради на многу подлабоки темели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top