недела, 22 април 2018 | Вести денес: 30 ново

Вардарки со доста мака го скршија отпорот на Митјиланд!

Ракометарките на Вардар се на чекор од нов фајналфор во Лигата на шампионите, откако вечерва обезбедија триумф над Митјиланд во Данска во првиот четвртфинален меч во елитното натпреварување.

Иако на хартија важеа за големи фаворити, нашиот шампион мораше добро да се испоти за да на крајот слави минимално со 24-23. Мотивираниот домашен состав ги надигра избраничките на Дибирова во првото полувреме со 16-13, но во вторите 30 минути ситуацијата беше поинаква на теренот.

Ракометарките на Митјиланд 16 ипол минути не успеаа да постигнат гол, а тоа знаеја да го искористат вардарки кои успеаја да го свртат резултатот во својата полза и да отпатуваат во Скопје со позитива која ќе мора да ја потврдат во СЦ „Јане Сандански“ ако сакаат да остане жив сонот за титула во ЛШ.

Лејно имаше 8 одбрани, Цвијиќ даде 8 голови, додека Лекик реализираше 6 погодоци. Кристијансен и Фрис со 6 голови беа најдобри стрелци кај поразениот тим.

Дерби.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top