недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Во сообраќајна несреќа оштетено возилото на градоначалникот на Кавадарци: Едно лице е во болница

На кружниот тек во Кавадарци се случи сообраќајна несреќа во која учествувало возилото на Градоначалникот на општината и сопственик на „Кожувчанка“, Митко Јанчев, потврдуваат од СВР Велес за „Макфакс“. Според информациите oд полицијата, градоначалникот Јанчев не бил во автомобилот „мерцедес“ кога се случила сообраќајната несреќа.

Едно од возилата, според првичните информации на „Макфакс“ не ја испочитувало предноста на движење. Возачот на автомобилот на градоначалникот не е повреден, а возачот од другото возило е пренесен во болница. Увид на местото на настанот направи полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top