петок, 20 април 2018 | Вести денес: 12 ново

Пред да стане Чола, Здравко имал селски прекар

Сите знаеме дека прекарот на Здравко Чолиќ денес е Чола. Но тој не бил Чола од секогаш. Барем не на сцената. Во 1974 година склучил договор со компанијата „Варнер Брос рекордс“ и снимил неколку синглови за германскиот пазар. Епа на тој германски пазар, за своите фанови од Германија и Австрија Здравко бил Дравцо.

Мини албумот “Madre Mia (Meine Mutter)” или „Мајко моја“ имал три песни “Madre Mira”, “Rock’n Roll Himmel” и “Alles was Ich Hab”.

Но, тука не е крајот на настапите на Чола како Дравцо. Во 1987 година Дравцо пеел на англиски. Го издал синглот “Light Me – I’m Not a Robot Man”, а смимката ја има и на Јутјуб – Дравко пее во диско фазон.

Многу малку се знае за овој пробив на мистериозниот Дравцо на европската сцена, зашто во 1977 година завладеал со југословенската музичка сцена со албумот “Ako priđeš bliže”.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top