недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 46 ново

Вујо мајсторе не верува во Вардар

Веселин Вујовиќ, селекторот на словенечката ракометна репрезентација и човекот кој го води Копер, во интервју за словенечките медиуми зборуваше за Лигата на шампионите и даде своја прогноза.

Пред четвртфиналето во кое ќе играат Вардар, ПСЖ, Кил, Киелце, Флензбург, Монпелје, Нант и Скјерн, Вујо доби прашање кој е сега фаворитот за тронот кој му припаѓа на македонскиот тим.

„Во изминатите сезони фаворитите не победуваа. На Вардар ќе му биде тешко да ја одбрани титулата во ЛШ. Во четвртфиналето ќе игра со Кил и ќе има многу проблеми. Ќе видиме каков ќе биде исходот и од натпреварот меѓу ПСЖ и Киелце. Киелце ја подигна формата, додека ПСЖ не игра константно цела сезона. Како и да е, ПСЖ останува фаворит, најголем за ЛШ“, изјави Вујовиќ.

Четвртфиналните натпревари се отвораат на 18 април кога се среќаваат Монпелје и Фленсбург, додека на 21 април играат Киелце и ПСЖ. Ден подоцна, следат дуелите меѓу Кил и Вардар, односно Нант и Скјерн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top